Со писмото на македонскиот бугараш Никола Димитров до грчкото министерство за надворешни работи во кое пишува дека нема македонска националност, всушност се потврдија стравувањата дека владата на Заев брише се што е македонско, вели „Единствена Македонија“ преку соопштение.
„Со писмото Димитров и официјално потврди дека со Договорот за промена на името се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ оти според писмото нема македонска етничка група а кое писмо грчкиот премиер Ципрас го прочита и во грчкиот парламент при гласањето за доверба на неговата влада која со тенко мнозинство од 151 пратеник од 300-члениот грчки парламент доби доверба токму со писмо-доказ од Димитров дека Македонци повеќе не постојат“, вели партијата на Јанко Бачев.
Единствена Македонија вели дека со писмото излегла на виделина големата лага на триото Заев, Димитров и Шеќеринска кои велеле во секоја прилика дека македонскиот идентитет со договорот за промена на името е зајакнат и бетониран.
„Од друга страна се потврди сето она што во изминатата година го велеше Единствена Македонија дека договорот за промена на името е пишуван според терминологијата на меѓународото право каде зборот „nationality„ според меѓународното право означува државјанство а не означува националност во етничка смисла, не е исто со зборот „етнички„ (ethnicity) а кое нешто вешто го криеше марионетската влада на Заев дека со дговорот се бришат Македонците во национална и етничка смисла“, смета партијата.