СДСМ: Мицкоски ќе биде поразен на било какви избори

Макфакс

17/01/2019

21:01

944

Големина на фонт

а а а

Мицкоски го чека пораз на следните претседателските избори, го чека пораз на било какви избори, реагира СДСМ, по прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој по состанокот со коалиционите партнери повторно побара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

„Граѓаните вечерва слушнаа уште една потврда од неспособниот Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма, а нема ниту план“, велат од СДСМ. 

Владејачката партија реагираше и на обвинувањата дека Законот за јазиците бил објавен противправно, коментирајќи дека со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. 

СДСМ повтори дека Мицкоски не успеал да го блокира членството во ЕУ и НАТО и нема да го блокира напредокот и градењето на Македонија како еднакво општество на еднакви граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг