Кинезите создале систем за Трета светска војна: Големиот „Челичен ѕид“ е закопан длабоко под планините!

Точка

17/01/2019

17:31

4.194

Големина на фонт

а а а

Американците се лидери кога станува збор за воената технологија, Русите се обидуваат да не заостанат зад нив, а Кинезите од друга страна, изградиле голем одбранбен систем.

Како што откриваат неименувани високи кинески функционери, Кинезите развиле револуционерен одбранбен систем кој може да ја анулира заканата од суперсонично оружје во иднина. Системот бил наречен „Големиот подземен Челичен ѕид“, а за работата на овој систем на 82-годишниот Кијан Ких му ја доделиле престижната награда за наука и технологија.

Според многумина, токму овој револуционерен одбранбен систем е „последната линија на одбраната“ на Кина.


Станува збор за комплексен систем на одбранбени постројки сместени длабоко под површината на планинското подрачје што ги прави исклучително безбедни. Од кинеската влада тврдат дека станува збор за одбранбен систем чиј што развој го следел развојот на модерното оружје. Во случај да откажат сите против-воздушни системи, овој „Челичен ѕид“ би требало да го одбие нападот.

Доколку навистина овој одбранбен ѕид би можел да го сопре суперсоничното оружје, тогаш „Челичниот ѕид“ би бил сериозен адут на кинеската армија против евентуална закана од САД и Русија кои што забрзано работат на развој на хиперсонично оружје.


Американците веќе имаат функционални прототипови на хиперсонични ракети и од Вашингтон порачуваат дека наскоро ќе летаат многу повеќе вакви ракети од тоа што може да се замисли, а секако и Русија се обидува да го задржи чекорот.

Познато е дека рускиот претседател Владимир Путин неодамна го претстави најновото нуклеарно и хиперсонично оружје кое што го нарече „непобедливо“. Станува збор за „Кинжал“, хиперсонична крстосувачка ракета која што лета 10 пати побрзо од брзината на звукот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг