Овој рибар тврди дека знае што се случило со авионот “MH370”: “Леташе лево-десно, видов како паѓа! Ја знам и точната локација”

Точка

16/01/2019

20:39

4.797

Големина на фонт

а а а

По речиси 5 години од исчезнувањето, сѐ уште трае расправата што точно се случило со малезискиот авион на летот “MH370”.

Индонезискиот рибар Русли Кушмин има своја теорија. Тој тврди дека бил сведок на несреќата додека патувал на крајбрежјето северно од Суматра. Кушмин тврди дека од авионот излегувал црн чад додека паѓал кон Малајскиот мореуз. 

##https://twitter.com/ComedyGrinder/status/1085594326581817344##

“Видов како авионот се померува лево-десно како скршен змеј. Немаше бука, само чад”, изјавил тој на конференцијата во Куала Лумпур.

Кушмин бил доведен од Индонезија во Малезија за да посведочи за она што го видел. Тој се заколнал во Куранот и наводно предал одредени докази. Рибарот приложил GPS навигатор како доказ, кој ги покажува точните координати на локацијата каде што го забележал падот на авионот, а со овие тврдења ќе се занимаваат малезиските служби.


За потсетување, малезискиот авион исчезна на 8-ми март 2014 година, со 239 патници. Иако постојат повеќе теории за тоа како авионот завршил во Индискиот океан, никогаш не била откриена точната локација на падот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг