Единствена Македонија: Димитров ги руши пријателските односи со Русија

Макфакс

16/01/2019

12:45

1.126

Големина на фонт

а а а

Партијата Единствена Македонија преку соопштение обвини дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги руши пријателските односи со Русија.

„Единствена Македонија со жалење констатира дека и покрај тоа што најавата на руското МНР дека прашањето за името треба да биде разгледано во Советот за безбедност на Обединетите нации е добра во обидот да се спречи да се избрише се што е македонско, македонското Министерство за надворешни работи вчера со соопштение повторно регаираше во негативен контекст на искрените намери на Русија за почитување на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Ова е стара практика на министерот во МНР, Никола Димитров, да прави провокации на антируска основа и да го руши концептот на пријателски односи со Русија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Од друга страна, додава партијата на Јанко Бачев, помина еден месец од вознемирувачката информација на „Викилис“ дека министерот Димитров шпионирал за американската ЦИА за преговорите за името кои биле државна тајна.

„Јавноста се уште очекува одговор од марионетата Зоран Заев дали министерот Никола Димитров активностите на антируска основа, вклучително и протерувањето на руски дипломат од Македонија ги прави во својство на министер или во својство на шпион на ЦИА“, прашува Единствена Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг