Голема неизвесност и тензии во Велика Британија: Шкотска бара нов референдум за Брегзит!

Точка

16/01/2019

09:40

2.129

Големина на фонт

а а а

Шкотската премиерка Никол Старџон побара организирање за нов референдум на кој што граѓаните уште еднаш ќе треба да се изјаснат дали сакаат земјата да ја напушти Европската унија или не.

Старџон го побара тоа откако синоќа британскиот парламент го отфрли планот за Брегзит, проширувањето на членот 50, со кој што се одредува рок од две години за излез на Велика Британија од Европската унија.

„Не можеме повеќе да губиме време. Време е да го стопираме одбројувањето на часот од членот 50, да го спречиме секој ризик Велика Британија да се сруши без договор на 29-ти март“, изјави шкотската премиерка после гласањето во парламентот.


Според нејзините зборови, парламентот имал време од две и пол години и за тој период не бил постигнат употреблив договор за финално спроведување на Брегзит, односно одредување под услови прифатливи за Велика Британија при напуштањето на Европската унија.

„Време е за тоа да одлучат граѓаните на нов референдум“, порача шкотската премиерка и наведе дека не смее да се дозволи Тереза Меј да се однесува како ништо да не се случило.

Инаку, во изминатите неколку месеци, бројни истакнати британски политичари ја поддржаа идејата за организирање на нов референдум на кој граѓаните уште еднаш ќе треба да потврдат дали Велика Британија треба да ја напушти Европската унија или не.


Еден од најистакнатите политичари кои што заговараат нов референдум покрај шкотската премиерка е градоначалникот на Лондон, Садик Кан. Сепак Кан и натаму нема големо влијание во Лабуристичката партија, а конечната одлука во името на целата партија сепак ќе треба да ја донесе првиот човек Џереми Корбин.

Како и да е, со најновиот вчерашен неуспех на британската премиерка Тереза Меј, јасно е дека во следните неколку дена ќе се врши што поголем притисок за изнаоѓање на ново решение или пак за организирање на нов референдум за Брегзит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг