Единствена Македонија: Заев ќе оствари 100 милиони евра профит од марихуана, а народот го залажува со романтика

Макфакс

14/01/2019

13:28

1.822

Големина на фонт

а а а

Странскиот измеќар Зоран Заев брише сѐ што е македонско, за Македонија да стане членка на НАТО заради заштита на украденото од позиција на власт, обвинуваат од партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев.

Од таму сметаат дека организација како НАТО не ја интересира грабежот туку, како што велат, сака само марионети кои верно би му служеле на проектот за уништување на македонскиот народ.

„Фирмите на Заев веќе го завршија процесот на масовни насади на марихуана во повеќе региони во државата откако прво што направи Заев како премиер пред година и пол самиот си додели лиценца за производство и трговија со марихуана. 2019 ќе биде година кога странскиот измеќар Зоран Заев станува главен дилер на дрога во Македонија што ќе му донесе 100 милиони евра дополнителен профит покрај другите бизниси“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија сметаат дека годинава народот ќе остане со прст во уста со романтичарските изјави на Заев дека “Македонија отворила светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели” и слични романтичарски изјави на Заев оти на народот, како што велат, му треба и малку романтика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг