Додека се гласаат уставните промени, пред Собранието едвај стотина граѓани

Макфакс

11/01/2019

18:51

1.159

Големина на фонт

а а а

По почетокот на седницата за уставните промени, пред Собранието на Република Македонија останаа едвај стотина граѓани кои протестираат против промена на името.

Помеѓу демонстрантите денеска не се појави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и функционерите од партијата.

На говорницата пред Собранието се читаат имињата на пратениците кои гласаат за уставните промени. Граѓаните ги исвиркуваат пратениците велејќи дека се предавници и тендераши.

Пред македонскиот парламент се спомнува името и на американскиот амбасадор, Џес Бејли. Демонстрантите и понатаму тврдат дека тој е главниот организатор на уставните промени со цел промена на уставното име на Република Македонија.

Од „Македонија блокира“ велат дека ништо не е готово. Побараа поддршка од претседателот Иванов, а исто така напоменаа дека ќе поднесат жалба до Уставниот суд на Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг