Научниците во шок! Мистериозни сигнали доаѓаат од вселената: Астрономите фатиле нови таинствени радио-бранови од друга галаксија

Точка

10/01/2019

16:58

4.342

Големина на фонт

а а а

Астрономите објавиле истражување за таинствените сигнали кои доаѓаат од далечни галаксии, а кои се воочени со телескоп во Канада.

Точното потекло на овие налети на радио-бранови уште не е познато. 

Меѓу 13-те брзи радио-бранови, се повторувал еден многу необичен сигнал, кој доаѓал од истиот извор, од нас оддалечен на околу 1.5 милијарди светлосни години.

Таквиот феномен е забележан само уште еднаш во минатото, во 2015-та година со телескоп во Порторико.

"Сега кога забележавме уште еден FRB, можеме да претпоставиме дека во вселената постојат повеќе", рекла астрофизичарката Ингрид Стаирс од универзитетот Бритиш Колумбија.

"А со повеќе повторувања и извори кои можеме да ги проучуваме, можеби ќе успееме да ја одгатнеме оваа космичка сложувалка - од каде доаѓаат сигналите и што ги предизвикува", додала таа.

Многу брзо ги открил таинствените сигнали

Телескопот "CHIME', кој се наоѓа во долината Оканаган во Британска Колумбија, се состои од четири полуцилиндрични антени. Секоја е долга 100 метри, а со нив секој ден може да се проучува цело северно небесно подрачје.

Почнал со работа минатата година, а многу набрзо детектирал 13 радио-бранови, вклучувајќи и еден повторувачки сигнал.

Научното истражување за појавата на тие таинствени сигнали е објавено во списанието "Nature".

Што се брзи радио-бранови?

FRB се кратки интервали на радио-бранови, кои многу веројатно се појавуваат од речиси другиот крај на вселената. Непредвидливи се и краткотрајни. Одненадеж се појавуваат на некој дел од небото и траат неколку милисекунди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг