Вест Хем одбил 35 милиони фунти за Арнаутовиќ

Макфакс

10/01/2019

14:55

1.290

Големина на фонт

а а а

Челниците на Вест Хем одбиле понуда од Кина за напаѓачот Марко Арнаутовиќ. Британскиот сервис Би-би-си објави дека неименуван клуб од Кина за австрискиот репрезентативец понудил 35 милиони фунти.

Арнаутовиќ (29) има договор со Вест Хем до 2022 година, а оваа сезона со осум гола е најдобар стрелец на тимот.

Минатото лето тој од Стоук пристигна во Вест Хем. „Чеканите“ за неговите услуги платиле 20 милиони фунти, што претставува клупски рекорд. Во својата прва сезона тој постигна 11 гола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг