Бачев: Бејли и Стивенсон вршат притисок врз пратеници заклучени во Собрание

Макфакс

10/01/2019

14:43

3.880

Големина на фонт

а а а

Дејвид Стивенсон, по нарачка на американскиот амбасадор, Џес Бејли, држи тројца пратеници заклучени во Собранието, обвини лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, на протестите пред законодавниот дом.

„Пред 15 минути ни стигна информација дека седницата е одложена, а тројца пратеници не ги прифаќаат барањата на Беса. Тие биле заклучени во Собранието и дошол Стивенсон да им врши притисок. Ова е државен удар“, обвини Бачев.

Тој побара итно да дојде јавниот обвинител и да даде налог за апсење бидејќи се врши притисок врз тројца народни избраници.

Дополнително, Бачев го повика и претседателот Ѓорге Иванов да дојде и да не молчи бидејќи, како што рече, во Собранието се случува државен удар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг