Мицкоски не сакаше да се обрати на протестот, присутните го опцуја

Макфакс

09/01/2019

14:52

2.983

Големина на фонт

а а а

Учесниците на протестот против уставните измени пред Собранието не го убедија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се обрати пред присутните. Тие се обидоа и со добро и со лошо да го убедат да се качи со бината, но не успеаја. Некои го молеа, а дел од учесниците и го пцуеја.

Кога пристигна пред Собранието, дел од учесниците на протестот го исвиркаа и го критикуваа дека дошол само за сликање пред медиумите и рекоа дека неговите намери не се искрени.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се приклучија на протестот на „Македонија блокира“ што почна во 12 часот. Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за уставни измени која е презакажана за во 16 часот.

„Денес е финалниот акт на овој срамен процес во кој Република Македонија е втурната од Зоран Заев и владејачкото мнозинство. До промена на уставното име се доаѓа преку акт на насилство врз процедутите, уцени и закани врз пратениците и нивни блиски. Ние нема да учествуваме во тој процес, на денешната седница нема да дадеме летимитет за промена на Уставот. Цврсто сме убедени дека тие се штетни и дека оставаат траен белег врз македонското национално единство. Имаме процес на промена на Уставот преку промена на уставното име до кое се доаѓа преку пазарења, драконски уцени и има масовна злоупотреба на обвинителството и судскиот систем”, изјави Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг