Неработни денови во 2019 година

Точка

04/01/2019

17:11

28.408

Големина на фонт

а а а

Во претстојната 2019-та година, македонските граѓани ќе може да уживаат во седум продолжени викденди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум се поврзуваат со викендот, за разлика од минатата година кога имавме само четири продолжени викенди.

Првиот продолжен викенд веќе е пред нас, бидејќи неработен ден е 7-ми јануари, понеделник. И за големиот христијански празник Велигден ситуацијата е слична, кога неработен ден е 29-ми април, понеделник. Неработниот ден посветен на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ - 24-ти мај се паѓа во петок, па така граѓаните ќе имаат уште еден продолжен викенд. Продолжен викенд ќе имаме и за Денот на Републиката – 2-ри Август, кој е во петок, како и за Денот на независноста – 8-ми Септември, кој е во недела, но неработниот ден се преместува за 9-ти септември, понеделник.

11-ти Октомври - Денот на народното востание исто така е неработен ден кој се врзува со викенд, бидејќи е петок, додека 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски” е во недела, а неработниот ден се преместува за понеделник, 9-ти декември.

За сите граѓани на Република Македонија неработни денови се и 1-ви Мај – Денот на трудот (среда), 4-ти Јуни (вторник) – Рамазан бајрам, и 23-ти Октомври (среда) – Ден на македонската револуционерна борба и 8-ми Декември.

Еве ја комплетната листа на сите неработни денови согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019:

За сите граѓани на РМ

- 01 јануари (вторник), Нова Година,

- 07 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

- 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 

- 01 мај (среда), Ден на трудот,

- 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

- 04 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

- 02 август (петок), Ден на Републиката,

- 08 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден, 

- 11 октомври (петок), Ден на народното востание,

- 23 октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

- 08 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден. 

За граѓаните од православна вероисповед

- 06 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,

- 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),

- 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

- 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

- 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

- 22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

- 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,

- 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

- 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

- 22 ноември (петок), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

- 27 јануари (недела), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

- 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

- 23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

- 09 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

- 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

- 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг