Адвокатот Миланов се откажа да го брани Груевски во „ТНТ”

Макфакс

25/12/2018

11:26

1.456

Големина на фонт

а а а

Адвокатот Еленко Миланов, кој го застапуваше експремиерот Никола Груевски во предметот „ТНТ”, вчера поднел барање дека му го откажува полномошното да го застапува пред судот.

Судијата Огнен Ставрев соопшти дека Груевски ќе го брани Мехмед Сефери, адвокат кој судот му го додели по службена должност. На Груевски во овој предмет, како и во останатите на СЈО, му се суди во отсуство.

На денешното рочиште треба да сведочат четворица сведоци, меѓу кои и синот на бизнисменот и сопственик на комплексот „Космос”, Фијат Цаноски, Сефер. Предметот е во фаза на доказна постапка и судот ги сослушува последните сведоци на СЈО.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг