Бебе пронајдено како живо плови по ледено езеро: Таткото ја признал страшната тајна

Точка

20/12/2018

08:50

3.641

Големина на фонт

а а а

Шестмесечно бебе било пронајдено како живо плови во езеро во северозападно Мисури, неколку минути откако нејзиниот татко им признал на полицајците дека се обидел да ја удави.

Бесчувствителниот Џонатан Зикарели во понеделникот наутро отишол во полициската станица во Гринвуд и им кажал на службениците дека се обидел да ја удави својата ќерка, вели извештајот од полицијата. 

Зикарели наводно им рекол на инспекторите дека го смислил планот за убиство 24 часа порано бидејќи бил под стрес за празниците и сакал да и ги олесни работите на својата сопруга.

Двајца полицајци биле пратени на езерото и за неколку минути го пронашле девојчето како плови со лицето во студената вода во која изгледало како "кукла од порцелан", рекол Грег Халгримсон.

Бебето било брзо извадено од езерото и изгледало во состојба на шок пред заповедникот да му даде вештачко дишење, по што почнало да диши. Полицајците ги соблекле влажните алишта од жртвата, а Халгримсон ја замотал во маицата која ја соблекол од себе, за да и помогне побрзо да ја врати топлината.

Полицијата проценила дека била под вода околу 5 до 7 минути и рекла дека на нејзините усни имало трева, во очите кал, а во белите дробови - вода. Бебето било доведено во болница и се лечело од тешка хипотермија, и сега е во добра состојба. Полицајците велат дека е "чудо" што бебето е уште живо.

Зикарели е обвинет за нападот, а обвинителот побарал неговата кауција да се одреди на 500.000 долари.

Заповедникот Ерон Фордам рекол дека во "исповедот на таткото" немало никакви емоции. Според зборовите на инспекторите, Зикарели рекол дека смислил план да ја убие својата ќерка 24 часа порано, и дека го паркирал автомобилот и тргнал до езерото три пати за да утврди дали може да ја удави. Опишал како го ставил бебето во вода и гледал како тоне пред замине.




Спонзорирани линкови

Маркетинг