Сосед во Индија брутално силувал 3-годишно девојче, кое сега се бори за живот

Точка

17/12/2018

14:28

1.715

Големина на фонт

а а а

Тригодишно девојче од Индија е во критична состојба, откако во неделата, во градот Делхи ја силувал соседот, пренесува „ВВС“.

Уапсен е 40-годишниот станар во зградата каде што живеела таа, поради сомнеж дека го направил ова страшно силување.

Полицијата го видела девојчето и го однела во болница. Девојчето е во критична состојба и е на операција. Не се знае дали ќе го преживее нападот, кој локалните медиуми го опишале како брутален.

Ја намамил со колачиња

Родителите на девојчето се работници, односно добиваат дневница и поради тоа биле на работа и во неделата, во тој дел од денот. Станарот наводно го намамил девојчето со колачиња да дојде кај него во станот и потоа го силувал.

Полицијата во неделата околу 16 часот ја повикале родителите на девојчето, бидејќи не знаеле каде е нивната ќерка, пренесува „Hindustan Times“. На полицијата ѝ било кажано дека девојчето излегло надвор околу 13 часот за да си поигра, но дека не се вратило.

Го очекува смртна казна

„Таткото на девојчето отишол до станот на приземје, каде живеел станарот и го нашол девојчето како лежи крваво и онесвестено на подот. Соседот во тој момент сакал да побегне, но таткото го задржал и ги повикал останатите станари и полиција. Соседите, откако дознале што се случило, го претепале злосторникот, пред да го предадат на полицијата“, рекле од локалната полиција.

Ако се докаже дека станарот е виновен, веројатно го очекува смртна казна. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг