Во САД е пронајден најголемиот извор на нафта и гас досега!

Точка

16/12/2018

17:37

6.964

Големина на фонт

а а а

Владата на САД објавила проценки дека полињата на Тексас и Ново Мексико имаат 46.3 милијарди барели нафта.

Но, тоа не е сè. Според проценките, таму има 8 билиони метри кубни природен гас и 20 милијарди барели течен природен гас.

Станува збор за полињата „Wolfcamp“ и „Bone Spring“, во Тексас и Пермскиот базен во Ново Мексико. Оваа проценка се однесува на досега непознати и технички достапни количини, пренесуваат светските медиуми.

„Божиќ оваа година дојде порано. Америка собира сили од американската енергија, а сè укажува на тоа дека имаме доволно американска енергија. И досега бев оптимистичен околу американското производство на нафта и гас, но сега сум сигурен дека ќе бидеме енергетски доминантна нација“, рекол државниот секретар Рајан Зинк.


Џим Рајли, директорот на Американското геолошко истражување (USGS), владина агенција одговорна за истражување на природните ресурси, вели дека се покажало дека Пермскиот базен има фантастичен потенцијал.

„Оваа проценка, како и проценката за ‘Wolfcamp’, укажуваат дека се работи за најголемите резерви на нафта и гас пронајдени некогаш“, рекол Рајли.




Спонзорирани линкови

Маркетинг