Бугарија се заканува со блокада за Македонија: "Нема да гласаме да влезат во НАТО"

Точка

15/12/2018

17:36

6.033

Големина на фонт

а а а

Потпретседателот на бугарската влада и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, денес порачал дека неговата земја нема да гласа за влез на Македонија во НАТО, ако таа, како што рекол, не се откаже од фалсификување на историјата.

Каракачанов за бугарската ТВ Нова рекол дека во работата на неодамна формираната мешовита македонско-бугарска комисија, која би требало да се занимава со спорни историска прашања, нема напредок, и дека македонските членови на комисијата се многу арогантни. 

"Не се согласувам дека со Македонија постигнавме компромис за спорните историски прашања", рекол Каракачанов, кој е и претседател на бугарското ВМРО, коалициски партнер во владата на Бојко Борисов.

Ова не е прв пат Каракачанов да најавува блокада за Македонија во европските интеграции.

Минатата седмица, имено, тој го предупредил македонскиот премиер Зоран Заев, да не го злоупотребува прашањето за македонскиот јазик, бидејќи, како што рекол тоа, тоа би можело да ја чини таа држава членство во НАТО и ЕУ.

Македонското министерство за надворешни работи ја осудило таа изјава на бугарскиот министер за одбрана кој го оспорува македонскиот јазик, а премиерот Заев рекол дека после тоа порачал дека тој е Македонец и дека зборува на македонски јазик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг