Го прашале премиерот на оваа европска земја што ќе се случи ако Британија замине од ЕУ без договор, а неговиот одговор го урнал интернетот

Точка

15/12/2018

16:41

6.412

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, во текот на Самитот на ЕУ во Брисел застанал да одговори на неколку прашања на новинарите, а потоа се случило нешто неочекувано, реакција која направила хаос на социјалните мрежи.

"Ако на Тереза Меј не и ја дадете потврдата која и е потребна, тој договор ќе пропадне во Парламентот и нема да имате никаков", му рекол новинарот на Бател, кој велел: "Да, да", чекајќи го прашањето кое гласело: "Дали сте подготвени на таков ризик". 

"Брегзит е ваш избор, не мој", кратко порачал Бател пред да се оддалечи гледајќи го новинарот директно во очи. 

Снимката наишла на воодушевување кај корисниците на социјалните мрежи, па некој дури и го доработил видеото за да привлече внимание на несекојдневниот, но импресивен начин на кој премиерот на Луксембург го завршил разговорот со новинарите.

Потсетуваме, надежите на британската премиерка дека повторно ќе го испреговара договорот за Брегзит доживеале фатален удар во четвртокот, кога претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, рекол дека "договорот не е отворен за нови преговори".

Лидерите не ЕУ и дале на Тереза Меј уверување дека ќе се обиде до 2021-ва година да дојдат до заедничко решение за да избегне создавање на тврда граница меѓу Северна Ирска и Ирска, што е едно од пожешките прашања во врска со заминувањето на Велика Британија од ЕУ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг