Се гледаме во рајот! Мајка ја удавила својата 4-годишна ќерка, па ја запалила! Верувала дека пали мал ангел и дека мора да го спаси светот

Точка

15/12/2018

15:13

4.404

Големина на фонт

а а а

Карли Ен Херис имала визии во кои гледала ангели, по што почнала да верува дека мора да го жртвува своето дете за да ја докаже својата вера.

38-годишната Карли ја удавила својата 4-годишна ќерка Амелија во када бидејќи верувала дека мора да ја жртвува за Бога. Мајката на ќерката и рекла "се гледаме во рајот" пред да ја удави, а потоа го запалила нејзиното тело. 

Мајката пред убиството на детето наводно му рекла дека ќе види ангели, се слушнало на судењето. Судењето на мајката од Јужен Велс за трагедијата која се случила на 8-ми јуни оваа година, почнало денес. Како што наведуваат обвинителите, таа "намерно го удавила детето во када полна со вода", телото го замотала во тоалет, а потоа го однела во дворот, каде го запалила.

Карли Ен Харис има "тешки ментални проблеми" и имала нервен слом по кој почнала да верува дека мора да го спаси светот. На судењето било кажано дека боледува од шизофренија. Имала визии во кои гледала ангели, по кои почнала да верува дека мора да го жртвува своето дете за да ја докаже својата вера.

Ја земале ангели

Наводно замислила дека пали ангел кој мора да ја докаже својата сила, дека Амелија мора да биде избањата во студена вода и запалена. На денот на убиството консумирала и амфетамин, од кој и се отворило "третото око", верувала таа.

Тој ден, во 10 часот рекла: "Амелија отиде во рајот. Не одете зад дворот, таа отиде на небото". Околу 45 минути порано, соседот нешто слушнал што звучело како врискање на девојчето - "мама, мама". Сведокот наводно видел изгорен дел од нога. На соседот по убиството му рекла: "Бог ќе биде со неа. Ангелите ја земаа", по што соседот, во околу 10:15 часот, се јавил во полиција.

Ѕвездите биле совршено наредени

Телото било на стол и се чувствувал мирис на изгорено месо. Мајката на полицајците им рекла дека "Исус ја натерал да го направи тоа". На судењето рекла дека убиството требало да го изврши ден порано бидејќи "ѕвездите биле совршено распоредени". И затоа го "упропастила" убиството, бидејќи не го извршила ден порано.

Членовите на поротата можеле да слушнат дека Херис себеси се нарекувала "монструм" кога била уапсена и дека во полициската станица рекла дека заслушува да умре. "Што направив?! Моето девојче! Ангелите рекоа дека тоа мора да се случи", велела таа.

Обдукцијата потврдила дека детето било удавено и дека не било живо запалено. Како што се најавува, уште додека е судењето во тек, мајката би можела да биде ослободена од обвинението поради менталната состојба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг