Уште една жртва од нападот во Стразбур: Се трага по помагачите на терористот!

Точка

15/12/2018

14:19

1.431

Големина на фонт

а а а

Француската полиција го застрела терористот за кој што се верува дека е одговорен за вооружениот напад на Божиќниот пазар во Стразбур, а сега истражителите се обидуваат да откријат дали тој имал помагачи.

Како што пренесува новинската агенција „АП“, уште едно лице починало денес како последица од вооружениот напад во Стразбур, со што билансот на жртвите во нападот на радикалниот исламист се искачи на четири лица.

Божиќниот пазар денес повторно бил отворен за да се врати празничниот дух во градот, а како што пренесува споменатиот медиум, во Стразбур деновиве пристигнал и францускиот претседател Емануел Макрон.


Сега безбедносните служби се сконцентрирани на откривање на евентуалните помагачи или на тие кои што го охрабриле исламистот да го изврши вооружениот напад.

Според зборовите на истражителот Реми Хајц, засега се приведени седум лица, меѓу кои има и членови на семејството на напаѓачот.


„Сакаме да ги реконструираме последните 48 часа за да откриеме дали тој имал поддршка“, изјави Хајц за француските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг