Познатите личности го сакаат само најдоброто. Затоа нема подобри препораки за совршен одмор доколку знаете дека некој од А-листата веќе престојувал на истото место.
Сајтот HomeAway издава неколку објекти во кои престојувале познатите, а тие објавиле и фотографии од тие вили за подобро да илустрираат како одмараат холивудските ѕвезди.
Холивудскиот актер Џек Николсон бил сопственик на оваа вила на Бора Бора која е изградена во 1978 година и нуди панорамски поглед кон сината лагуна од дневната соба.
Дури 18 луѓе можат да престојуваат во вилата "Bougainvillea House" на Бахамите, која има седум соби, девет купатила и две кујни. Во оваа куќа редовно отседнуваат Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, Глен Клоуз и останатите познати ѕвезди.
Освен што е прекрасна, оваа вила има неверојатна историја, најмногу поради фактот што во неа престојувале Френк Синатра и актерот Клинт Вокер.
Во оваа вила која се наоѓа на заливот Монтего, Јамајка, Оскар Хамерстајн го напишал сценариото за филмот "The Sound of Music", a во неа отседнале и Мерил Стрип и Трејси Улман. Вилата е идеална за мирен семеен одмор, а безбројните спа можности кои домот ги поседува обезбедуваат уште поквалитетен престој.