Ривалдо му предложи клуб на Иско како идеално решение за неговата ситуација во Реал

Дерби

14/12/2018

20:30

1.986

Големина на фонт

а а а

Иско Аларкон го сврте вниманието на себе со контроверзната гестикулација и навредата која ја испрати до фановите на Реал Мадрид, потег со кој уште толку ја влоши и онака непријатната ситуација во која се најде по пристигнувањето на Сантијаго Солари.

Новиот тренер на Реал нема доверба во Иско како што тоа беше случајот со Хулен Лопетеги, па поради тоа, последно што му требаше на Иско беше влегувањето во конфликт со навивачите на Реал Мадрид кои досега постојано стоеја зад негова страна и му даваа поддршка.

Утрешниот меч против Рајо Валјекано ќе биде добра можност за фановите да го искажат својот став за последниот испад на Иско, а во меѓувреме, посебно на важност во Шпанија доби изјавата која ја даде легендарниот играч на Барселона, Ривалдо.

– Ако се прашувам јас, веднаш би го довел Иско во Барселона. Тој е фантастичен играч и мислам дека и на играчот и на Барселона ќе и дојде добро таква зделка. Како и да е, повеќе од јасно е дека станува збор за комплицирана операција, тешко е да се замисли дека Реал ќе сака да преговара со Барса за Иско, – вели Ривалдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг