Милан казнет од УЕФА, се заканува и исфрлање од европските натпреварувања

Дерби

14/12/2018

19:37

1.572

Големина на фонт

а а а

Од Европската куќа на фудбалот и официјално на адреса на Милан доставија казна во висина од 12 милиони евра поради кршење на правилата од Финансискиот фер плеј.

Дополнително, Росонерите се соочуваат со активирање на едногодишна забрана од играње во европските натпреварување доколку не успеат да ги решат проблемите до 2021 година.

Одлуката од страна на УЕФА беше донесена само еден ден по срамната елиминација на Милан од Лигата на Европа. Парите во висина од 12 милиони евра ќе бидат издвоени од наградата која треба да ја добие Милан за учество во второто по ранг натпреварување во Европа.

Од УЕФА првично го казнија Милан со забрана за натпреварувања, но ваквата одлука беше повлечена пред самиот почеток на Лигата на Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг