Грчкиот министер за одбрана: Постојат црвени линии преку кои не можам да минам, а една од нив е предавање на терминот "Македонија"

Точка

13/12/2018

19:33

3.483

Големина на фонт

а а а

Ако се изгласа Договорот од Преспа во Поранешната Југословенска Република Македонија, ќе поднесам оставка, порачал Панос Каменос.

Коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос, најавил дека ќе поднесе оставка откако во македонското Собрание ќе завршат процедурите за ратификација на Преспанскиот договор, пренесува "MIA". 

"Ако се изгласа Договорот од Преспа во Поранешната Југословенска Република Македонија, ќе поднесам оставка на местото министер за национална одбрана, преземајќи ја целата тежина на одговорноста за тоа", рекол Каменос.

Тој јавно навел дека нема да чека Договорот од Преспа да дојде до грчкиот парламент.

"Континуираните иредентистички и провокативни изјави кај нашиот северен сосед го потврдуваат тоа што го зборувавме дека тоа не може да се покрие со наметката на еден договор", рекол Каменос и ја повторил својата полиција дека нема да прифати договор кој го содржи терминот Македонија.

Тој додал дека постојат црвени линии кои не може да ги мине и дека не смее на себе да си дозволи да остане министер за национална одбрана, прифаќајќи го предавањето на терминот "Македонија".

"Ние не сакаме војна, но сакаме да разберат дека со една пропаганда која е започната во времето на Мусолини и Тито, не можат да ја оспорат историјата на грчка Македонија", заклучил Каменос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг