Костадинов: Мицкоски како главен кадровик на Груевски признава дека е анти НАТО и анти ЕУ

Макфакс

13/12/2018

15:46

1.170

Големина на фонт

а а а

Пред насилниот упад во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски за претседател на Кадровската комисија во ВМРО-ДПМНЕ го назначува Христијан Мицкоски – неговата десна рака.

Додека насилно се спречуваше јасно изразената волја на граѓаните и се реализирал монструозен план, Мицкоски бил прв човек на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„По сведочењата во судскиот процес, во јавноста се појавија засилени сомнежи дека упадот во Собранието бил координиран од центар сместен во овој луксузен дворец зад мене, во време кога токму Мицкоски бил претседател на Ккадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски треба да одговори за неговата улога како прв човек на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ дали учествувал и во изборот на партиски кадри кои го координирале нападот врз Собранието на 27 април.

Мицкоски му должи се на својот ментор Никола Груевски, кој потоа го назначува за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и од кого го добива земјиштето за бизнисот со хидроцентралите. Затоа Мицкоски се обидува преку деструкции и блокади да ја запре иднината и да го одбрани криминалот на неговиот ментор Груевски.

Во јавните настапи, меѓу кои и оној од вчера пред Владата, Мицкоски ги повикува граѓаните да кажеле НЕ, дека немало иднина за Македонија.

Самиот признава, за Мицкоски ЕУ и НАТО не се иднина. Мицкоски е анти НАТО и анти ЕУ!

Токму затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се во истата антизападна матрица заедно со некогашниот сопартиец Филип Петровски, со некогашниот коалициски партнер Јанко Бачев и гласноговорникот на режимот, Миленко Неделковски“ рече Костадинов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг