Мицкоски во Струмица: Празна е зоната на која беше најавена изградба на 16 фабрики

Макфакс

11/12/2018

15:57

863

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Струмица од пред зоната Сарачево изјави дека власта не го исполнила ветувањето за изградба на 16 фабрики и вработување на 2.500 жители во општина Струмица и околните општини.

„Како што можете да видете, години потоа оваа зона е празна, ниту една фабрика немаме, ниту едно ново вработување. Ова треба да биде пример за граѓаните на Република Македонија како не треба да се даде довербата на политичари коишто само ветуваат, а ништо не исполнуваат. Политичари коишто многу зборуваат и додека зборуваат лажат“, рече Мицкоски.

Тој изрази очекување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните претседателски избори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг