Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Макфакс

11/12/2018

14:10

1.793

Големина на фонт

а а а

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ја покачи цената на паркингот на клиниката за вработените за над 120 проценти.

Со зголемувањето на цената на паркингот дел од вработените, како на пример болничарите кои земаат плата од 200 до 300 евра, нема да почувствуваат никаков бенефит од зголемениот месечен прилив.

Градоначалникот Шилегов не отстапува од одлуката дека вработените на Клиничкиот центар за да се паркираат на работното место треба да плаќаат 800 денари, наместо досегашните 350 денари. Според него, на тој начин ќе се намалеле хаосот и сообраќајниот метеж на клиниката.

Вработените во Клиничкиот центар се разочарани и навредени од одлуката на Шилегов – тие денеска излегоа на протест, а се заканија дека ако не се смени одлуката, секој ден за време на паузата ќе ја блокираат излезната рампа од клиниката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг