Никола Тесла: Ова се најголемите човечки заблуди!

Точка

11/12/2018

09:59

8.736

Големина на фонт

а а а

Во своето време, Тесла бил многу понапреден од другите, меѓу останатото и со размислувањето, па така на некој начин ги „знаел“ проблемите со кои се соочуваме денес.

Прво место


На прво место се човечките заблуди за универзумот кој, најчудно е што не потекнува од стариот или средниот век, туку напротив - од модерното време.

Ова се заблуди дека Земјата е единствената населена планета, дека луѓето се најразвиените раси во универзумот, дека универзумот е вакум, без енергии и материи во најголемиот дел, освен планетите, ѕвездите и малите космички честички.

Тие се како и многу други, всушност потекнуваат без никакви факти и докази, како што заклучиле првите научници, а подоцна никој друг не можел да ги побие тие факти, бидејќи исто така немале никакви факти и докази.

Второ место


Втората човечка заблуда е за настанувањето на болестите и со тоа автоматски е и незнаењето и заблудата за начинот на елиминирање на истите.

Таа е втора по важност, а прва по распространетост, поради непоправливи грешки на науката, односно медицината, кои луѓето најчесто ги плаќаат со животи или здравје, креативни и интелектуални потенцијали, бидејќи некогашните грешки нив ги спречуваат да се развиваат.

Трето место


Трета најголема заблуда се однесува на можностите кои му пружаат на човекот енергија, бидејќи, не познавајќи ги останатите енергии, човекот единствено ги зграпчил можностите за користење на електрична и топлинска енергија, ветерна и сончева енергија, додека останатото што не е споменато е сосема непознато.

Уште полошо е тоа што за тоа не се ни размислува, како ни за користење на многубројните енергии кои можат да му помогнат на човекот во речиси сите сфери на неговиот интерес, што би можеле да ја оживеат Земјата и цела човечка цивилизација!



Спонзорирани линкови

Маркетинг