Словенија на нозе: Десетмесечно бебе умрело бидејќи родителите вегани го изгладнувале, судот донел срамна пресуда

Точка

10/12/2018

21:16

6.375

Големина на фонт

а а а

Родителите вегани чие бебе починало на 10 месеци како последица од изгладнување, нема да одат во затвор, одлучил денес словенечкиот суд.

Словенечкиот суд ги осудил родителите на условна затворска казна од две години, а ќе отслужат општествено корисна работа по спогодбата во која ја признале својата вина за занемарување на детето, пренесува "Index.hr", повикувајќи се на словенечките медиуми. 

Бебето починало во 2011-та година во љубљанска болница, поради нелечено воспаление на белите дробови и акутна неухранетост.

Детето во болница било примено со само 3.600 грама тежина, а трагичниот случај предизвикал големо внимание во јавноста и социјалните служби, бидејќи родителите, инаку факултетски образован пар од Мирна Пештера, а кој има пет деца, и претходно одбивал да ги води на лекар и да ги лечи.

Обвинението против нив било поднесено во 2014-та година, по бројни медицински експертизи, најпрво поради неухранетост на детето, а потоа и затоа што детето со изразено лошо здравје не го однеле на лекар, па тоа умрело во болница од воспаление на белите дробови.

Во текот на истражната постапка било утврдено дека сите нивните деца имале бројни здравствени потешкотии, бидејќи не им обезбедиле урамнотежена исхрана за нормален развој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг