Неверојатна судбина на преубавата Русинка: Од продавачка на пазар до сопруга на милијардер

Точка

10/12/2018

19:23

8.299

Големина на фонт

а а а

Наталија Водјанова е родена во 1982 година во Горки во Русија. Во многу сиромашен крај и многу сиромашно семејство, Водјанова растела со две полусестри, Кристина и Оксана од кои едната боледувала од церебрална парализа.

Татко им ги напуштил кога Наталија била мала, а за да имаат со што да се хранат, Наталија, мајката и здравата сестра продавале овошје и зеленчук на пазарот речиси секој ден и сите пари ги давале за болната сестра. 


Тешкиот живот за Наталија траел до нејзината 15 година. Тогаш во еден момент, токму на тој пазар ја забележал еден агент од модна агенција и сосема ѝ го промени животот.

Тогаш започнала да работи во една руска агенција, а за само две години успеала да ја заинтригира целата светска модна сцена па се преселила во Париз на 17 години.

Модните понуди само се зголемувале, а оваа убавица добила и надимак - Супернова.


За многу кратко време таа стана една од најбараните и најплатените модели во светот. Милионски договори, насловни страници за Вог, заштитно лице на Гучи, Прада, Шанел, Версаче, Хуго Бос...Таа беше третиот најуспешен модел на светот и успеала да заработи 20 милиони долари.

Нејзиниот приватен живот е повеќе од интересен

Наталија се омажила за милијардерот Џастин Портман со кој има три деца. Нивната љубов се сметаше како за модерна бајка, со оглед на тоа дека тој потекнува од богато семејство, а таа од сиромашно.

Сепак, после девет години брак, Наталија одлучила да го остави Џастин, па пред седум година се развеле.


"Се чувствував како стара износена Луи Витон торба. Со мене се однесуваше како да се срами. Кон мене се однесуваше многу лошо, а кога разводот конечно беше финализиран, јас отидов на рехабилитација. Кога после некое време стапивме во контакт, ми рече дека воопшто не ѝ недостигаме јас и семејството, како и тоа дека не ѝ паѓа на памет повторно да бидеме фамилија", рекол Џастин.


И додека нејзиниот поранешен принц на бел коњ тагувал, таа многу брзо се снашла. Таа веднаш стапила во врска со францускиот милијардер Антоан Арнол. Со него има два сина, Максим и Роман.




Спонзорирани линкови

Маркетинг