Британија дала гаранција, Асанж ја напушта амбасадата на Еквадор?

Точка

06/12/2018

21:17

1.739

Големина на фонт

а а а

Велика Британија дала гаранција дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во Соединетите Американски Држави, ако ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон, изјавил претседателот Ленин Морено.

"Патот е отворен, Асанж може да донесе одлука да ја напушти амбасадата", изјавил претседателот на Еквадор во едно радио интервју. 

Тој истакнал дека неговата влада добила пишана гаранција од британските колеги дека Асанж нема да биде екстрадиран во земјата во која би му се заканувала и смртна казна.

Морено укажал дека ваквата ситуација долго време го загрижувала Џулијан и неговиот тим.


"Тој се соочува со обвиненија за шпионажа, наводен заговор, кражба на имот на американската влада и компјутерски проневери во САД, а администрацијата на Доналд Трамп изјавила дека апсењето на основачот на Викиликс им е приоритет", додал Морено.

Претседателот не кажал дека неговата земја ќе му врши притисок на Асанж да ја напушти амбасадата, но нагласил дека правниот тим на основачот на Викиликс ги разгледува следните чекори.

Асанж е во еквадорската амбасада во Лондон од 2012 година. Тој тврди дека американското министерство за правда поднело тајно обвинение против него поради откривање на доверливи владини информации на сајтот на Викиликс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг