Француските жандарми не бираат кого тепаат: Ги бркале "Жолтите елеци", а наместо нив жестоко ги нападнале гостите во ресторанот

Точка

06/12/2018

17:46

876

Големина на фонт

а а а

Еден од честите примери на полициската бруталност кон демострантите во Париз бил снимен во саботата во близина на Триумфалната капија, пренесува "Mirror".

На видеото се гледа конфликтот помеѓу интервентната полиција и демонстрантите во еден локал за брза храна. Луѓето лежеле на подот и се држеле за своите глави додека полицајците ги удирале со пендреци, а други демонстранти изјавиле дека тие ги газеле по глава на улиците. 

Наводно, несреќните луѓе пробувале да се оттргнат од демонстрантите и солзавците кога полицајците фрлиле уште еден солзавец во локалот и започнале да ги удираат. Откако сфатиле дека ги снимаат, полицајците се тргнале од "Жолтите елеци" и ги нападнале снимателите, што може да се види и на крајот од снимката.

Само на саботниот протест биле уапсени 400 лица, а околу 100 биле потешко повредени. Агресивните демонстранти ги кршеле излозите од продавниците, а оштетена е и познатата Триумфална капија.

Претседателот Макрон, поради зачестените насилни протести се откажал од реформата со која би се зголемила цената на горивата, но се верува дека протестите ќе продолжат поради други проблеми во државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг