Невообичаено и бизарно: Маж влегол во новогодишно декориран двор и сексуално ја злоставувал елката

Точка

06/12/2018

12:28

2.150

Големина на фонт

а а а

Ова несекојдневно кривично дело е снимено со камера во Ланкашир во Англија. Непознат маж ја уништил новогодишната декорација во дворот на една семејна куќа, а потоа симулирал секс на балон во облик на елка.

Сопственикот на куќата, снимката од овој злочин ја објавил на Фејсбук, пренесува „Ladbible“.

Како што рекол, тој паднал во дворот во еден часот после полноќ и ја уништил празничната декорација.

После тоа, симулирал секс на украсите, а на снимката се гледа како ја „сексуално ја злоставува“ елката.

Оваа сцена ги шокирала сите кои ја погледнале, а семејството се надева дека човекот ќе биде уапсен.

Денвер Пил и неговото семејство ги сакаат божиќните празници, па затоа дворот го исполниле со многу украси, на кои потрошиле околу 3,400 евра.

Како што пренесуваат локалните медиуми, непознатиот маж направил штета во вредност од 2.200 евра.

Тој ја уништил декорацијата во дворот додека Денвер со сопругата и двете деца спиеле во куќата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг