Шон Пен снима филм за убиениот Кашоги: Познатиот актер пред капиите на конзулатот каде брутално бил ликвидиран новинарот

Точка

06/12/2018

10:39

1.349

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Шон Пен денес престојува во Истанбул, каде работи на снимањето на документарниот филм за новинарот Џамал Кашоги, кој на 2-ри октомври бил убиен во саудискиот конзулат во тој турски град.

Пен, актер со два Оскари, бил виден пред саудискиот конзулат каде неговата екипа снимала. 

Медиумите пренеле видео снимка на која се гледа Пен како разговара со камерманот пред оградата на турската полиција, која спречува пристап до конзулатот.

Кашоги во тоа дипломатско претставништво на Саудиска Арабија бил убиен на 2-ри октомври, кога отишол по документи потребни за венчавка со турска државјанка.

Тоа убиство предизвикало негодување во меѓународната заедница и ја уништило сликата за Саудиска Арабија, иако принцот престолонаследник Мухамед бин Салман демантирал дека е вмешан.

58-годишниот Пен е познат по заземањето на ставови за политиката и американското општество воопшто, но и по иницијативите кои други земји ги сметаат за спорни.

Актерот предизвикал критики во 2015-та година кога со една актерка му направил интервју на мексиканскиот нарко-дилер Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, додека криминалецот бил во бегство.

Пен освоил два Оскари за улогата во филмовите "Mystic River" и "Milk".




Спонзорирани линкови

Маркетинг