Иниеста со мајсторски гол донесе победа за Висел Кобе

Дерби

01/12/2018

16:31

1.560

Големина на фонт

а а а

Рано утрово по македонско време беше одиграно и последното коло во јапонската Џеј Лига по која тимот на Кавасаки Фронтале и официјално беше крунисан за шампион на Јапонија.

Во последното коло екипата за која настапува легендарниот Андрес Иниеста, Висел Кобе се сретна со тимот на Вегалта и одиграа вистински спектакуларен натпревар. На крајот на победа се радуваше тимот на Иниеста со 3:2.

Токму Шпанецот беше креатор на вториот погодок кој го постигна на навистина одличен начин, потсетувајќи на акциите кои ги правеше со поранешните соиграчи од Барселона.

Иниеста голот го постигна во 53. минута кога по одлично разменет двоен пас со Фурухаши на мајсторски начин го совлада противничкиот голман.

Ова беше вкупно трет погодок за Андрес Иниеста во дресот на Висел Кобе. Од следната сезона него и на Подолски друштво во јапонскиот тим веројатно ќе им прави искусниот 36 годишен напаѓач, Давид Виља.



Спонзорирани линкови

Маркетинг