Тачи со орден го одликува Џорџ Буш

Макфакс

30/11/2018

21:13

2.088

Големина на фонт

а а а

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, во САД се состана со поранешниот американски претседател, Џорџ Буш, и ја искористил шансата да го одликува со Орден на независноста во знак на почитта што Косово ја има кон семејството Буш, пренесе косовската радио-телевизија РТК.

„Во Далас се сретнав со големиот пријател на независноста и слободата на Косово, претседателот Џорџ Буш. Во текот на оваа пријателска средба зборувавме за политичките случувања во Косово и регионот. Албанците во Косово доживотно ќе имаат почит кон прекрасното семејство Буш“, истакнал Тачи.

Претседателот на Косово додава дека со соговорникот се согласил оти постигнувањето конечен договор меѓу Косово и Србија е задолжително со цел да се означи крајот на вековниот конфликт, а тоа значи заемно признавање и членство на Косово во ОН, НАТО и во ЕУ.

„Се разбира, постигнувањето ваков договор не е воопшто лесно, но претседателот Буш ми даде еден корисен совет што ќе го споделам со вас: ‘Како лидери нема да бидете запаметени по популистички одлуки, туку по тешките, но праведни одлуки што ќе ги донесете за вашиот народ и вашата земја“, вели Тачи.

Српските медиуми потсетуваат дека Косово прогласи независност токму кога Буш беше претседател на САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг