„Македонија Блокира“: Поразот на Заев започнува утре со големиот сенароден митинг пред Собранието

Макфакс

30/11/2018

18:10

1.906

Големина на фонт

а а а

Иницијативата „Македонија Блокира“ на денешната прес-конференција се осврна на, како што велат оттаму, големиот сенароден македонски митинг кој ќе се одржи пред Собранието, утре (1 декември).

На прес-конференцијата се обрати Драган Угриновски, координатор на „Македонија Блокира“ кој го најави утрешниот митинг закажан во 12 часот.

„’Македонија-Блокира’ во која членуваат 84 организации – политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората, утре, 1 декември, започнува со големиот Сенароден протест пред Собранието на Република Макеоднија. Во исто време, Собранието утре започнува со расправа по нацрт-амандманите за промена на Уставот со кој се брише се што е македонско. ‘Македонија-Блокира’ ја започнува финалната битка со марионетската власт за одбрана на вековното македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, истакна тој.

Додаде дека целта на протестот е со еден услов – распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер.

„Ова е момент кога татковината повикува и сите ние единствени и сплотени ќе успееме против злото во Македонија. Оваа зло што му се случува на Република Македонија има свое име. Се вика Зоран Заев кој со своите странски газди сака да сруши се што е македонско. Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер“, посочи Угриновски.

Тој воедно побара разбирање од народот за сообраќајните гужви што ќе следат во периодот што претстои бидејќи, како што рече, ќе има секојдневни блокади.

Од иницијативата го повикуваат и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да биде на страната на македонскиот народ и да се придружи на големиот протест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг