Проблеми пред Г20: Како лидерите ќе го избегнат саудискиот принц со кого не сакаат ниту да се ракуваат?

Точка

28/11/2018

17:26

3.363

Големина на фонт

а а а

На најголемиот дел од меѓународните самити, судирите најчесто се случуваат надвор од салите, односно на протестите каде што демонстрантите најчесто се судираат со полицијата.

Но, што кога конфликтите ќе бидат пренесени внатре, се прашува новинската агенција „АП“ во анализата на предстојниот Г20 самит кој идниот викенд ќе се одржува во аргентинскиот главен град Буенос Аирес.

Сите очи ќе бидат вперени во контроверзниот саудиски принц, престолонаследникот Мохамед Бин Салман кој што моментално е на турнеја во арапските земји и веќе денес треба да пристигне во Аргентина.


Бин Салман во кого е вперен прстот за наредба на бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул е на мета на жестоки критики, а деновиве во Тунис беше пречекан од гневни демонстранти кои што со пили во рацете му порачаа дека не е добредојден.

Демонстранти го пречекаа контроверзниот саудиски принц во Мароко: Делови од тела, огромен плакат со моторна пила и пораки дека не е добредојден!

Американската новинска агенција тврди дека на самитот ќе има лидери кои што нема да сакаат ниту да се ракуваат со саудискиот престолонаследник. Тоа ќе биде прилика за можеби саудискиот принц да има и конкретни последици после бруталното убиство на колумнистот на “The Washington Post”, инаку истакнат критичар на властите од Ријад.

Сепак, се чини дека тоа нема да биде проблем за лицемерниот американски претседател Доналд Трамп кој со своите изјави практично и да не го осуди Бин Салман затоа што Саудиска Арабија е стратешки партнер на САД, а безгласен е и Владимир Путин, иако се смета за лидер на светска сила.

Токму фокусот ќе биде на Путин, затоа што Русија го премолчи убиството на саудискиот новинар, а претседателот на Русија, кој што ниту јавно не го осуди убиството, речиси сигурно ќе има средба со Бин Салман.

Но, американската новинска агенција тврди дека голема е веројатноста Трамп воопшто да не се сретне со саудискиот престолонаследник, а за целата работа да биде „зачинета“, на Г20 ќе пристигне и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Токму Ердоган е предводник во притисокот врз Ријад да се открие кој го уби новинарот во конзулатот во Истанбул, односно кој го нареди бруталното убиство кое што Саудиска Арабија две седмици се обидуваше да го сокрие. Како што тврдат турските медиуми, принцот Мохамед баш поради тоа инсистирал на средба со Ердоган.

Како и да е, на саудискиот принц очајно му беше потребен самиот Г20 затоа што ќе има прилика да оствари средби и да го поправи впечатокот, иако се чини дека тоа ќе биде прилично тешко. До убиството на Кашоги, Саудиска Арабија важеше за “просперитетна” земја и се планираа милијарди долари инвестиции, а зега Западот ги гледа Саудијците „од дистанца“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг