Демонстранти го пречекаа контроверзниот саудиски принц во Мароко: Делови од тела, огромен плакат со моторна пила и пораки дека не е добредојден!

Точка

28/11/2018

09:34

2.172

Големина на фонт

а а а

Саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман допатува синоќа во Тунис, а беше пречекан од стотина демонстранти кои што протестираа против него поради бруталното убиство на новинарот во Турција.

Принцот во Тунис се соочува со гневот на јавноста – неколку часа пред да пристигне, стотина демонстранти се собраа на протести. Тунижаните протестираат веќе два дена против саудискиот принц во моментите кога меѓународната заедница е загрижена поради бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги.

„Тунис не е на продажба“, извикуваа гневните демонстранти кои што се собраа на главната авенија, некои од нив запалија саудиски знамиња, а некои имаа пили во рацете.


На зградата од седиштето на синдикатот на туниските новинари, беше поставен голем транспарент со силуетата на саудискиот принц како држи моторна пила во рацете, со која што демонстрантите алудираат на бруталното убиство на новинарот, кој што според турските власти, откако бил убиен, неговото тело било исечено на делови.

Еден ден претходно, демонстрантите поставиле транспаренти со кои што му порачаа на Мохамед Бин Салман дека тој не е добредојден во Тунис.


Од кабинетот на претседателот на Тунис соопштија дека земјата го осудува убиството на новинарот Кашоги и бара целосна истрага за целиот случај, но од таму нагласија дека тоа прашање не треба да биде искористено за дестабилизација на Саудиска Арабија.

Контроверзниот саудиски престолонаследник, за кој што многумина веруваат дека лично го наредил убиството на Кашоги, моментално е на турнеја низ арапските сојузници на Саудиска Арабија, по што ќе опатува за Буенос Аирес каде што ќе присуствува на Г20 самитот.


Турските власти тврдат дека телото на Кашоги било исечено на делови во саудискиот конзулат во Истанбул минатиот месец, а саудиските власти, откако се обидоа да го сокријат убиството, потоа ги обвинија вработените во конзулатот за кои што истакнаа дека ги пречекориле своите овластувања и откако избила тепачка, го убиле Кашоги.




Спонзорирани линкови

Маркетинг