Овој возач возел автобус полн со деца низ пожарите во Калифорнија! Ова е неговата приказна

Точка

19/11/2018

21:42

3.603

Големина на фонт

а а а

Џиновските пожари беснеат во Калифорнија. Загинале најмалку 76 лица, а се трага по 1.200 исчезнати.

На социјалните мрежи и во медиумите има се повеќе приказни за преживеаните, но и оние кои ги опишуваат вистинските јунаци, обични граѓани кои го ризикуваат својот живот за да ги спасат животите на други луѓе. Ова е една таква приказна. 

Во автобусот имало 22 ученици

41-годишниот возач Кевин МекКеј, управувал со училишниот автобус полн со деца низ огнените јазици на калифорнискиот оган. Во автобусот се возеле 22 деца, пишува "CNN".

Наскоро автобусот бил пол со чад и тешко се дишело. Возачот ја соблекол својата маица и ја распарчил. Тој и две наставнички ги полиле парчињата ткаенина со вода и им ги дале на децата за да ги држат на своите усни и така полесно да дишат.

Кевин МекКеј го возел училишниот автобус на Основното училиште "Ponderosa Elementary School", кое се наоѓа во градот Парадајс во Калифорнија, само неколку месеци и чувствувал голема загриженост и одговорност за децата која се наоѓале во автобусот, бидејќи огнот голтал се околу нив. Дури по пет часа напорно возење успеал децата да ги одведе на безбедно подрачје.

Огнот се ширел на сите страни

Огнот го зафатил подрачјето на Калифорнија на 8. ноември, во раните утрински часови. Иако и претходно видел пожари на тој предел, МекКеј бил многу загрижен.

"Тоа уште не сум го доживеал. Огнот се ширеше на сите страни, изгледаше како да зафаќа 1.000 места", рекол Кевин МекКеј за "CNN".

Неговиот син, девојката и мајката веднаш тоа утро се евакуирале на безбедно. "Знаев дека се на безбедно и затоа можев целосно да се посветам на спасување на децата", додал тој.

Повеќето родители и членови на семејствата веќе пристигнале и ги земале своите деца, но родителите на 22 ученици не успеале да се пробијат до училиштето. Поради тоа Кевин МекКеј и предложил на директорката на училиштето самите тие да ги евакуираат.

29-годишната Аби Дејвис, воспитувачка во градинката во Пондероса, и 50-годишната Мери Лудвиг, му се приклучиле на МекКеј и одлучиле да ги евакуираат незаштитените деца.

Изгледало како Армагедон

"Беше страшно. Изгледаше како Армагедон или Мордор", рекла Аби Дејвис, мислејќи притоа на подрачјето од романот Господар на прстените, каде владеел злобниот волшебник Саурон.

Откако го напуштиле подрачјето каде се наоѓа училиштето, автобусот набрзо заглавил во сообраќаен метеж бидејќи сите од градот бегале од пожарите. Возачот и наставничката не биле сигурни што да направат, дали ќе биде подобро да се пробијат низ сообраќајниот метеж или со децата да го напуштат автобусот.

Во текот на застојот, се повеќе чад влегувал во автобусот. На учениците им било лошо. На некои им се слошило, се чувствувале уморно, а други почнале да спијат.

Кевин МекКеј ја соблекол својата маица и ја распарчил. Заедно со наставничките, го земал единственото преостанато шише со вода и ги полил парчињата ткаенина. Ги поделиле мокрите парчиња ткаенина на децата за да можат полесно да дишат.

"Се обидував да се смирам и да мислам на нешто убаво"

Исто така, смислиле дополнителен план за бегство: проучиле како функционира апаратот за гасење на пожар и што има во кутијата за прва помош.

Ученичката Шарлот Мерз раскажала дека доживеала страшно патување: "Се обидував да се смирам и да мислам на нешто убаво. Тешко се гледаше поради чадот. Се гореше. Каде и погледнев, гледав оган".

Додека се пробивале низ пожарот, во автобусот примиле уште еден патник, воспитувачка од градот Бигс. И се расипал автомобилот и мислела дека нема да преживее.

Неколку часа подоцна, дошле на безбедно. Родителите ги чекале своите деца. Сопругот на Аби Дејвис бил толку благодарен што се живи и здрави и силно го прегрнал возачот на автобусот.

"Беше пресреќен. Речиси ме крена од земја", опишал МекКеј.



Спонзорирани линкови

Маркетинг