Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Макфакс

19/11/2018

15:13

4.562

Големина на фонт

а а а

Oпштина Центар уште истиот ден и се извини на бабичката бидејќи редарите, не само што ја избркале жената, тие и ја превртеле гајбата со производите, а откако таа ги собрала истите и ги искинале кесите со бадеми.

Од општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување на фактите и одговорноста од видеото кое пред три дена се појави по социјалните мрежи, бидејќи на него можеше да се забалежи како двајца комунални редари кај ТЦ „Буњаковец“ избркаа постара жена, која продавала бадеми, лешници и малини, а според коментарите на социјалните мрежи жената со години продавал на истото место. Видеото кое се појави во петокот на „Фејсбук“ и „Твитер“ се најде на критика на јавноста.

„Сакаме да ги известиме граѓаните дека општината стапи во контакт со Министерството за внатрешни работи и градоначалникот на општина Центар ја повика госпоѓата која беше дел од целиот настан од видеото, на разговор во својот кабинет, со цел да се слушнат сите засегнати страни и објективно да се пристапи кон случајот“, стои во соопштението на општина Центар.

Oпштина Центар уште истиот ден и се извини на бабичката бидејќи редарите, не само што ја избркале жената, тие и ја превртеле гајбата со производите, а откако таа ги собрала истите и ги искинале кесите со бадеми.

Изминатиот период, како што информираа од општината, Секторот за инспекциски работи извршуваше засилени инспекциски активности и контроли, особено во околината на зелените пазари на територија на општината. По бројните пријави на жителите кои живеат во тие делови на Центар, инспекторите и комуналните редари од општината секојдневно ги идентификуваат дивите продавачи, издаваат налози за отстранување на дивите тезги и издаваат прекршочни казни за оние кои не работат во согласност со правилата и законите во Република Македонија, велат од општина Центар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг