Овие девојки служат воен рок во Израел, но не се поради тоа во центарот на вниманието: Станале ѕвезди на интернет поради своите гласови

Точка

19/11/2018

12:40

2.186

Големина на фонт

а а а

На Фејсбук страницата „Israel Defense Forces“, објавена е снимка од две прекрасни девојки кои моментално служат војска во Израел.

Тие две, во придружба на гитара, запеале песна од израелската пејачка Дори Реувени и ги распаметиле корисниците на социјалните мрежи со своите извонредни гласови.

„Не ги разбирам зборовите во песната, но ова многу ме допре“, „Ова е прекрасно“, „Талентирани и прекрасни“, „Браво девојки, чувајте се“, „Размислувам да одам во војска“, биле само дел од некои коментари на луѓето кои го погледнале видеото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг