Нистелрој засекогаш ќе памети што му рекол Фергусон после размената на дресови со фудбалер на Сити...

Точка

16/11/2018

18:01

2.523

Големина на фонт

а а а

Руд Ван Нистелрој го носеше дресот на Манчестер Јунајтед во периодот од 2001-ва година до 2006-та и тогаш беше меѓу најдобрите напаѓачи на светот.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил откри интересна анегдота помеѓу Сер Алекс Фергусон и Руд Ван Нистелрој после поразот на Јунајтед во градското дерби од Манчестер Сити со 3:1.

Руд Ван Нистелрој после натпреварот со противнички фудбалер го разменил дресот, а потоа Фергусон му објаснил некои работи.

„Овие дресови не се подаруваат. Тоа се мои дресови, тоа се клубски дресови и никако твои. Ти ги носиш привремено и тие не се твоја сопственост за да ги подаруваш“, му рекол Фергусон на Ван Нистелрој, открива Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг