И понатаму сметаат дека треба да се поседува оружје - 2 годишно дете си играло со пиштолот на неговиот татко и се застрелало

Точка

16/11/2018

15:21

1.618

Големина на фонт

а а а

Поборниците за слободно носење на оружје во САД често сметаат како тоа е нечија лична слобода, но трагичните случаеви секој ден ги потсетува на тоа колку оружјето е опасно.

Така е и со најновиот случај кој се случи во Џонсборо во сојузната држава Џорџија, каде двегодишно дете почина на лице место откако се застрелало со пиштолот на неговиот татко. 

Си играло со пиштолот

Како што пренесуваат американските медиуми, полицијата во четвртокот дојде на местото на трагедијата после дојава за пукотници. Се испостави дека детето дошло до собата на своите родители додека таткото спиел. Детето успеало да го пронајде пиштоло под перница и започнало да си игра со него. Во еден момент пиштолот пукнал, а куршумот го погоди детето кое било во критична состојба откако било пренесено во болница.


За жал, детето не успеало да се спаси.

Полицијата истражува дали има основа за покревање тужба против родителите.