Полицијата ги спречи демонстрантите да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Макфакс

15/11/2018

20:35

5.808

Големина на фонт

а а а

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, но не успеаја да стигнат до нејзината куќа бидејќи припадниците на МВР, кои беа поставени на почетокот на улицата, ги спречија.

Демонстрантите извикуваа „Македонија, Македонија“.


Лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, ја повика поранешната министерка да излезе од својот дом и да се помири со граѓаните, а не со, како што кажа, оние во Собраниет бидејќи тие имаат единствена цел само да ја продадат Република Македонија.

„Излези Бети, излези, ако не поради нешто друго, барем поради тоа што си домаќинка. Излези со народот и прими го писмото од граѓаните“, рече Бачев.


Демонстрантите исто така го прочитаа писмото кое минатата недела го дадоа и на останатите пратеници кои гласаа за уставните измени во Собранието на Република Македонија, меѓу кои и Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг