Ван Дaјк ја откри следната трансфер цел на Ливерпул

Дерби

15/11/2018

12:59

1.306

Големина на фонт

а а а

Холандскиот репрезентативец од редовите на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк ја откри следната трансфер мета на неговиот тим.

Во интервју за холандскиот медиум „Де Телеграф“, стоперот откри дека од Ливерпул „фрлиле око“ на играчот на Ајакс Матијс Де Лигт.

- Тој е на листата на потенцијални засилувања затоа што е влезен во нотесот на некој од многуте скаути во клубот. Доколку им треба мое мислење за него, ќе им го дадам - коментираше Ван Дајк.

За Матијс Де Лигт постои сериозен интерес од речиси сите топ европски клубови, а најзагреани за него се од таборот на Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг