Три големи предизвици: Еве што ја чека наследничката на Илон Маск

Точка

13/11/2018

16:50

4.299

Големина на фонт

а а а

Откако Илон Маск мораше да ја напушти функцијата претседател на управата на „Тесла“, неговото место го зазеде Робин Денхолм пред која што сега е исклучително предизвикувачки период.

Минатата седмица конечно го дознавме името на наследничката на Илон Маск, Робин Денхолм пред која сега е тешка задача – откако „Тесла“ долго време работеше со загуба, минатиот квартал конечно беше остварен профит, па сега Денхолм ќе мора да продолжи да го одржува позитивното и профитабилно на компанијата, што секако, нема да биде лесно.

Аналитичарите на „СиЕнЕн“ посебно издвоија три големи предизвици кои што сега стојат пред новата претседателка на управата кои што се исклучително важни за успехот на компанијата, а првиот од нив се однесува токму на Илон Маск.


Денхолм ќе мора да го контролира однесувањето на Маск и неговите јавни настапи, како на пример неговите објави на социјалната мрежа Твитер. Маск неодамна призна дека на Твитер објавува интересни работи и нема некој филтер околу работите кои што ги објавува, па сега токму Денхолм треба да биде тој филтер.

Втората важна работа која што треба да ја направи е да вработи стручно лице кое што ќе управува со секојдневните операции на компанијата, како Шерил Сендберг – десната рака на Марк Закерберг во „Фејсбук“ или Ерик Шмит кој основачите на „Гугл“ го вработија како извршен директор и му го препуштија водењето на операциите и носењето на важните одлуки.


Маск има „свој“ човек во “SpaceX” – претседателката Гвејн Шотвел, но сличен човек немаше никогаш вработено во „Тесла“. Сега, со Денхолм на чело на компанијата тоа најверојатно ќе се промени.

Третата, а можеби и најважна одлука која што новата претседателка на управата на „Тесла“ ќе мора да ја донесе се однесува на следниот голем производ на компанијата после „Модел 3“. Одлуката која што ќе ја донесе мора да биде базирана на бизнис логика, а не на моменталното расположение на Илон Маск кој што говорејќи за „пик-ап“ возилото на „Тесла“ изјави дека сака да направи футуристички “cyberpunk pick-up” и дека не е сигурен колку луѓе навистина би купиле такво возило.



Спонзорирани линкови

Маркетинг