Поранешниот премиер Никола Груевски избегал во Будимпешта каде што побарал азил од унгарските власти.
Тој на Фејсбук објави дека во последните неколку денови добивал смртни закани.
„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, напиша Груевски.
Од МНР и МВР велат дека се проверува вистинитоста на оваа порака.