Забава со Кирил Џајковски пред Борис Трајковски за 50. роденден на Општина Карпош

Макфакс

30/10/2026

13:30

67

Големина на фонт

а а а

Во чест на 50-годишнината од основањето на Општина Карпош, ќе се одржи голема музичка забава со познатиот македонски артист Кирил Џајковски пред спортскиот центар Борис Трајковски, со бесплатен влез за посетителите.

По повод одбележувањето на 50 години од основањето на Општина Карпош, на 6 ноември (петок), со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи голема музичка забава со Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre (Delovski, InvictoZ, Flowzy, Blu).

Настанот ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот музички звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички артисти.

Влезот е слободен.